Куче го прекина натпреварот во Скопје, Седлоски ги извади Станковски и Ерера по само половина час игра

FinPortal.mk · 3.10.2026 г.

Натпреварот меѓу Македонија и Шкотска во Лигата на нации во Скопје го одбележаа два необични момента — неочекуваното влегување на куче на теренот и двојната измена на селекторот Гоце Седлоски уште во 30-та минута од првото полувреме. Шкотска поведе со 1-0 со убавиот гол на Киеран Боуви во седмата минута. Потоа гостите имаа уште неколку шанси да го зголемат водството, но Муслиу и Димитриевски спречија поголема негатива за македонската репрезентација, па остануваат 45 минути надеж дека може да се остане непоразен. Сепак, за да се освои барем бод, Македонија мора да даде гол, нешто што црвено-жолтите го немаат направено во последните 652 минути игра. Токму незадоволството од случувањата на теренот го натера селекторот Седлоски веќе во 30-та минута да ги извади од игра Лука Станковски и Себастијан Ерера, кои, како што беше наведено, веројатно се почувствуваа понижени на јавна сцена. Првото полувреме ќе се памети и по влегувањето на куче на теренот, што предизвика смеа, овации, но и чудење кај присутните. Шкотска по првото полувреме води со 1-0 на гостувањето во Скопје во дуелот од Лигата на нации.

Куче го прекина натпреварот во Скопје, Седлоски ги извади Станковски и Ерера по само половина час игра | FinPortal.mk

Натпреварот меѓу Македонија и Шкотска во Лигата на нации во Скопје го одбележаа два необични момента — неочекуваното влегување на куче на теренот и двојната изм