Куче го прекина натпреварот Македонија – Шкотска во Скопје, Шкотите водат на полувреме

FinPortal.mk · 3.10.2026 г.

Фудбалскиот натпревар од Лигата на нациите меѓу Македонија и Шкотска, што се играше во Скопје, го одбележа необична сцена кога на теренот влезе куче, со што беше прекината играта. Настанот ги изненади, но и ги насмеа фудбалските фанови, а случката брзо стана вирална на социјалните мрежи, пренесоа и странските медиуми. Првото полувреме заврши со водство на Шкотска од 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Киеран Боуви во седмата минута. Шкотите имаа уште неколку шанси да поведат со 2-0, но Муслиу и Димитриевски спречија поголема негатива за македонската репрезентација. Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски, не беше задоволен од случувањата на теренот, па веќе во 30-тата минута ги извади од игра Лука Станковски и Себастијан Ерера, кои веројатно се почувствуваа понижени на јавна сцена. Пред почетокот на натпреварот, капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, со подарок дрес му го честиташе 100-тиот настап во дресот на Шкотска на колегата од спротивниот табор, Енди Робертсон.

Куче го прекина натпреварот Македонија – Шкотска во Скопје, Шкотите водат на полувреме | FinPortal.mk

Фудбалскиот натпревар од Лигата на нациите меѓу Македонија и Шкотска, што се играше во Скопје, го одбележа необична сцена кога на теренот влезе куче, со што беш