Крстовден — денот кога христијаните го слават пронаоѓањето и враќањето на Чесниот Крст

FinPortal.mk · 27.9.2026 г.

Православните христијани денеска го слават Воздвижение на Чесниот крст, познат во народот како Крстовден. Овој голем празник се празнува во чест на два настана поврзани со Чесниот Крст — неговото пронаоѓање на Голгота и неговото враќање од Персија во Ерусалим. Според преданието, светата царица Елена, обиколувајќи ја Светата Земја, намислила да го побара Чесниот Крст на Христа. Еден старец Евреин по име Јуда единствен знаел за местото каде што се наоѓа Крстот, па принуден од царицата изјавил дека Крстот е закопан под храмот на Венера, кој на Голгота го подигнал царот Адријан. Царицата наредила да се разурне тој идолски храм, па копајќи во длабочина биле најдени три крста. Додека царицата била во недоумица како да познае кој од трите крста е Христовиот, покрај местото поминувала поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рекол да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. Кога го ставиле врз него третиот крст, покојникот оживеал. По тоа познале дека тоа е вистинскиот Христов Крст, чесен и животворен. Потоа истиот го положиле врз една болна жена и жената оздравела. Тогаш патријархот го кренал крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пеел: „Господи помилуј!“ Царицата Елена направила ковчег од сребро и го положила во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазел Ерусалим, многумина ги одвел во ропство, а Крстот Господов го однел во Персија. Во Персија Крстот лежел четиринаесет години. Во 628 година, грчкиот цар Ираклиј го победил Хозрој и со слава го повратил Крстот во Ерусалим. Влегувајќи во градот, царот Ираклиј го носел Крстот на своите плеќи. Но, одеднаш застанал и не можел да зачекори ни чекор. Патријархот Захарија видел Ангел којшто му попречувал на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по кој Господ одеше бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објавил на царот. Тогаш царот се слечел, па босоног и во бедна облека го зел Крстот, го изнел на Голгота и го положил во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот

Крстовден — денот кога христијаните го слават пронаоѓањето и враќањето на Чесниот Крст | FinPortal.mk

Православните христијани денеска го слават Воздвижение на Чесниот крст, познат во народот како Крстовден. Овој голем празник се празнува во чест на два настана