Кризен штаб бара 30-дневна кризна состојба во Крива Паланка поради илјада грла неконтролиран добиток

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Општинскиот кризен штаб во Крива Паланка ѝ препорача на Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината, со што би се обезбедиле дополнителни ресурси и би се активирале законски предвидените механизми за целосно и трајно решавање на долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на крупниот добиток. Препораката произлезе од првиот состанок на Општинскиот кризен штаб за оваа проблематика, одржан вчера, на 2 ноември, на кој беше разгледана актуелната состојба и беа утврдени конкретни задолженија и мерки за постапување. Според информациите изнесени на состанокот, повеќе од 1.000 грла добиток неконтролирано се движат низ територијата на општината, уништуваат земјоделски насади и оштетуваат приватен и општински имот. Граѓаните, особено земјоделците, секојдневно трпат сериозни материјални штети и финансиски загуби, беше нагласено на состанокот. Кризниот штаб оцени дека расположливите капацитети на Агенцијата за храна и ветеринарство и на Агенцијата за управување со одземен имот се недоволни во однос на обемот на проблемот. Затоа, од Владата се бара преку предложената кризна состојба да обезбеди дополнителен кадар, опрема, финансиски средства и координиран оперативен план со јасни одговорности и рокови. Одделно од препораката до Владата, од Агенцијата за храна и ветеринарство се бара во рок од една недела од состанокот да достави оперативен план за извршување на постојните правосилни и извршни решенија од 2024 година и да преземе конкретни теренски активности за нивно спроведување. Планот треба да содржи распоред на акции по денови и локации, одговорни лица, доволен број стручни екипи и специјализирани возила, како и обезбедени услови за заловување, транспорт и сместување на добитокот опфатен со решенијата. Акциите треба да се спроведуваат во координација со надлежните институции, со видливо полициско присуство и асистенција и со соработка со локалното население. Од Кризниот штаб посебно нагласуваат дека рокот за доставување на планот не подр

Кризен штаб бара 30-дневна кризна состојба во Крива Паланка поради илјада грла неконтролиран добиток | FinPortal.mk

Општинскиот кризен штаб во Крива Паланка ѝ препорача на Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината, со што би се обезбедиле допо