Кривичниот суд Скопје единствен во судската мрежа со функционална ПР-канцеларија, оценето позитивно од ОБСЕ
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Основниот кривичен суд Скопје доби позитивни оценки од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за транспарентноста и комуникацијата со јавноста. Во регионалниот извештај на ОБСЕ, судот е посочен како единствена институција во судската мрежа која има функционална канцеларија за односи со јавноста, соопштија од судот. Оценките се дел од Извештајот на ОБСЕ за набљудување на судските процеси во Западен Балкан, кој беше презентиран на регионална конференција во Будва, Црна Гора. Конференцијата е посветена на спроведувањето на правосудните реформи во предметите од областа на организираниот криминал и корупцијата. Според соопштението од судот, во извештајот како позитивна практика е издвоена редовната комуникација на Кривичниот суд со јавноста преку објавување соопштенија и одговарање на прашања од новинари и граѓани. Посебно е истакнато започнувањето со издавање квартален билтен, кој содржи статистички податоци, резимеа на позначајни пресуди и информации за активностите насочени кон поголема транспарентност. Позитивно е оценет и брифингот со медиумите од септември 2026 година, на кој беа опфатени прашањата за транспарентноста, дигитализацијата и ефикасноста во работењето на судот. На конференцијата, која се одржува на 26 и 27 октомври, учествуваат претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, судијката Даниела Димовска, раководителката на специјализираното одделение за организиран криминал и корупција, судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, и судијата Илија Трпков од истото одделение. Настанот се одржува на покана на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, во рамките на Регионалниот проект за набљудување судски процеси во Западен Балкан, кој се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија. На конференцијата учествуваат претставници на правосудните институции од регионот, кои разговараат за практичните резултати од спроведените реформи. Признанието од ОБСЕ доаѓа во момент кога Кривичниот суд Скопје активно работи на унапредување н