Крива Паланка е најотворена општина во Македонија, покажува Индексот на отвореност за 2026 година
FinPortal.mk · 25.9.2026 г.
Крива Паланка е најотворена општина во Македонија, покажуваат резултатите од Индексот на отвореност на единиците на локалната самоуправа за 2026 година, презентирани на тематскиот форум „Од отворена општина до активна заедница: Индексот на отвореност 2026 и граѓанското учество на локално ниво“. Форумот се одржа на 25 септември во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, а негов организатор беше Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, заедно со Рурална Коалиција и Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Дигитална трансформација на локално ниво (ДИГИЛОК) – Вклучена заедница за отпорност на корупција“, со поддршка на Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Според презентираните податоци, просечната отвореност на 81 единица на локалната самоуправа изнесува 39 отсто, што говори дека транспарентноста на локално ниво останува предизвик, но и дека постојат општини кои значително отскокнуваат од тој просек. Дарко Димов од Цивика мобилитас во своето поздравно обраќање се осврна на улогата на програмата во поддршка на силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите. Тој го посочи ДИГИЛОК како пример за партнерски пристап во кој три граѓански организации соработуваат со локалните власти и со граѓаните, кои активно се вклучуваат во процесите на локално ниво. Според Димов, токму ваквото поврзување на граѓанскиот сектор, институциите и граѓаните ја отсликува визијата на Цивика мобилитас за поттикнување општествени промени и создавање услови за поотворено, отчетно и инклузивно управување. Програмската директорка во Фондацијата Метаморфозис, Данче Даниловска-Бајдевска, во воведното излагање потенцираше дека отвореноста не значи само исполнување на законските обврски или објавување информации на веб-страниците на општините. Таа нагласи дека вистинската отвореност подразбира создавање услови граѓаните навреме да бидат информирани и да можат да прашаат, да учествуваат, да влијаат и да побараат отч