Крива Паланка бара кризна состојба поради илјадници грла добиток што го зазедоа градот

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Општина Крива Паланка побара од Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба поради долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на крупен добиток низ градот, што предизвикува сè поголеми штети за локалното население. Според општинските власти, над 1.000 грла крупен добиток се движат без контрола низ Крива Паланка, влегуваат во централното градско подрачје, уништуваат земјоделски насади и нанесуваат штети на приватен и општински имот. Од Општината објаснуваат дека прогласувањето кризна состојба би овозможило обезбедување дополнителни финансиски средства, кадар, опрема и координација меѓу надлежните институции, со цел конечно решавање на проблемот што со години ги погодува жителите на Крива Паланка. Локалната самоуправа истовремено бара од Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од една недела да достави конкретен оперативен план и веднаш да започне со спроведување на правосилните решенија донесени уште во 2024 година за одземање на животните од регистрираните одгледувалишта. Според барањето на Општината, планот треба да опфати теренски акции, стручни екипи, специјализирани возила и полициска асистенција. Од локалната самоуправа се децидни дека спроведувањето на решенијата не смее да се одложува ниту да се условува со одлуката на Владата за прогласување кризна состојба. Во спротивно, Општината и оштетените граѓани најавуваат поднесување кривични пријави против одговорните во Агенцијата за храна и ветеринарство. Проблемот со добитокот што го узурпира центарот на Крива Паланка не е нов, но според општинските власти, загубите на локалното население стануваат сè поголеми, што ја направило ситуацијата неодржлива без итна институционална реакција.

Крива Паланка бара кризна состојба поради илјадници грла добиток што го зазедоа градот | FinPortal.mk

Општина Крива Паланка побара од Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба поради долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на крупен добиток низ гр