Крива Паланка бара 30-дневна кризна состојба поради над 1.000 грла неконтролиран добиток

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција упати итен апел до Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината и да обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток. Барањето произлегува од заклучоците на Општинскиот кризен штаб и од оцената дека надлежните институции немаат доволно капацитети самостојно да се справат со проблем од ваков обем. На прес-конференцијата присуствуваа многубројни граѓани, меѓу кои и лица што претрпеле штети од добитокот. Нивното присуство, како што беше истакнато, ја нагласи сериозноста на состојбата и очекувањето институциите конечно да покажат слух за проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат и да ги заштитат нивната безбедност, имот и труд. „Додека институциите ги објаснуваат своите ограничувања и надлежности, граѓаните ги бројат своите загуби и штети“, порача Митовски. Според информациите изнесени на Кризниот штаб, повеќе од 1.000 грла добиток неконтролирано се движат низ општината. Се уништуваат земјоделски насади, се оштетуваат приватни имоти и јавни површини и се загрозува безбедноста во сообраќајот. Добитокот секојдневно се движи и низ самиот центар на градот, што дополнително ја влошува состојбата за жителите. Митовски истакна дека се неопходни дополнителни стручни, логистички, оперативни и финансиски ресурси, специјализирани возила и соодветен простор за сместување на животните. Од Владата побара да обезбеди заедничка, координирана интервенција, со јасен оперативен план, активности по денови, прецизни задолженија и точно утврдена одговорност. Планот, како што наведе, треба да опфати организирано заловување, безбеден транспорт и згрижување на добитокот, како и мерки што ќе спречат повторување на проблемот. Градоначалникот посочи дека од јануари 2022 година до Владата, Министерството за земјоделство, надлежниот инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство се доставени стотици пријави и иницијатив

Крива Паланка бара 30-дневна кризна состојба поради над 1.000 грла неконтролиран добиток | FinPortal.mk

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција упати итен апел до Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата