Креветни бубачки го приземјија авионот на „Квантас“ во Рим
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Авиокомпанијата „Квантас“ беше принудена да го извади од употреба еден од своите авиони „Боинг 787 Дримлајнер“ на аеродромот во Рим, откако во кабината биле откриени креветни бубачки. Паразитските инсекти биле најдени во предниот дел од економската класа за време на летот QF5 од Перт кон Рим на 9 октомври, потврди извор запознаен со случајот. По пристигнувањето во италијанската престолнина, авионот морал да биде изваден од употреба заради чистење, поради што бил откажан летот на „Квантас“ од Рим кон Перт на 10 октомври. Порталт на компанијата соопшти дека летот е откажан за да им се овозможи на инженерите и на тимовите за одржување да извршат длабинско чистење на леталото по „проблем идентификуван на мал број седишта во економската класа“. Од „Квантас“ изразија „искрено извинување“ до патниците за прекинот. Засегнатите патници добиле сместување и биле прекнижени на алтернативни летови во рок од 48 часа од првичниот заминување. Компанијата наведе дека кабините на нејзините авиони се чистат редовно и на исклучително високо ниво, како и дека се третираат со дезинфекциско средство на секои 50 дена како стандардна превентивна мерка. Професорката Мишел Пауер, паразитолог на Универзитетот „Маквори“, изјави дека креветните бубачки „повеќе од веројатно“ биле внесени во авионот преку нечиј багаж или облека на патник и потоа избегале во кабината. Според Пауер, постојат „две страни“ на проблемот со креветните бубачки: од една страна, побогатите луѓе кои многу патуваат ги добиваат и потоа ги пренесуваат наоколу, додека луѓето кои веќе се соочуваат со здравствена нееднаквост можеби не можат да си дозволат пестициди или загревање на вода до 55 степени, колку што е потребно за нивно уништување.