Кожуф го запре Пелистер, Охрид и Работнички со убедливи триумфи во Втората лига
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Единаесеттото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе изненадување во Гевгелија, каде Кожуф успеа да го запре поранешниот прволигаш Пелистер и да освои бод во меѓусебниот дуел кој заврши со резултат 1-1. Битолчани беа подобри во првиот дел и поведоа, но домашниот тим се врати во игра на стартот од второто полувреме, а во завршницата Пелистер остана и со играч помалку. Битолчани подобро го отворија натпреварот и дојдоа до предност во 20. минута. По изведениот корнер на Мирчевски, искусниот Кире Ристовски најдобро се снајде во скокот и со удар со глава ја затресе домашната мрежа за водство од 0-1. Сепак, предноста на гостите не траеше долго во второто полувреме, бидејќи Кожуф се врати во игра на самиот почеток. Боев упати незгоден удар, топката се одби од стативата, го погоди голманот Димовски и заврши во мрежата за израмнување на резултатот. Проблемите за Пелистер се зголемија во завршницата од натпреварот, кога голманот Димовски доби директен црвен картон поради прекршок надвор од шеснаесетникот. Бидејќи битолчани веќе ги искористија сите свои измени, на голот застана напаѓачот Христов. До крајот на дуелот немаше промена на резултатот, па Пелистер мораше да се задоволи со освоен еден бод во Гевгелија. За разлика од битолчани, лидерот на табелата Охрид немаше никакви проблеми против Кајмани и славеше убедливо со 4-0. Домашниот тим практично ја заврши работата уште во првото полувреме, кога Каланоски со два гола и Абулхади донесоа убедлива предност за својот тим. Конечниот резултат го постави Матески во вториот дел од натпреварот. Убедлива гостинска победа забележа и Работнички, кој со 0-3 го совлада Осогово во Кочани. Скопјани сите три погодоци ги постигнаа во првото полувреме, со што уште пред паузата ги разрешија дилемите околу победникот на овој дуел. Резултатот го отвори Пецов во 14. минута, на 0-2 зголеми Богданоски во 34. минута, а пред истекот на првиот дел погоди и Серафимовски. Тетекс без поголеми проблеми стигна до нови три бода, откако на домашен