Котеска: Седма жртва на фемицид — институциите повторно не заштитиле дете

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Адвокатката Катерина Котеска се огласи на социјалните мрежи по трагичниот случај во Богданци, каде што животот го загуби 17-годишно девојче, изразувајќи длабока тага и револт поради, како што оцени, уште еден пропуст на институциите во заштитата на жртвите на насилство. Во својата објава Котеска наведува дека ова е седмата жртва на фемицид и потсетува дека девојчето претходно го пријавило момчето за физичко насилство. „Девојче од 17 години го изгуби животот откако претходно го пријавила насилното момче за физички напад. Колку што ми е скршено срцето, толку сум револтирана! Уште еден пропуст на институциите да заштитат жртва на насилство. Овој пат малолетна. Дете на нечии родители! Нечија неостварена мајка, сопруга, баба, на чеда кои никогаш нема да ги види“, пишува Котеска. Таа особено го критикува пристапот на институциите кон проблемот со насилството врз жените и семејното насилство, прашувајќи дали и овојпат одговорот ќе се сведе на организирање трибини и формално одбележување на деновите посветени на борбата против насилството. „Пак ќе правите трибини од 20 души за да се одбележи денот? Пак ќе држат филипики индивидуи по службена и партиска должност? За срам и арам сме!“, наведува адвокатката. Котеска потсетува дека трагедијата се случува во ноември, месец посветен на борбата против насилството врз жените и семејното насилство, оценувајќи дека општеството мора да се соочи со сериозноста на проблемот, наместо вниманието да го насочува кон споредни теми. „Додека ни палат 17-годишни деца како жртви на фемицид, ние се занимаваме дали жената е под надзор од мажот или не, на социјалните мрежи“, пишува таа. Според информациите од Обвинителството, две тела беа пронајдени вечерта на 3 ноември во Богданци. Едното тело било во опожарен автомобил, а другото во негова близина, а од Обвинителството соопштија дека првичните индиции упатуваат на дополнителни истражни дејствија за утврдување на околностите на случајот. Случајот повторно ја отвори дебатата за ефикасноста на инсти

Котеска: Седма жртва на фемицид — институциите повторно не заштитиле дете | FinPortal.mk

Адвокатката Катерина Котеска се огласи на социјалните мрежи по трагичниот случај во Богданци, каде што животот го загуби 17-годишно девојче, изразувајќи длабока