Коско“ пред објавувањето на кварталните резултати: високата вредност на акцијата го ограничува потенцијалот за раст

Акцијата на трговскиот гигант „Коско Вулслејл“ (NASDAQ: COST) годинава не се движи најдобро. Иако бизнисот продолжува да бележи солиден раст, вредноста на акцијата е порасната само 6 отсто досега, додека индексот S&P 500 забележал значително повисок раст од околу 12 отсто. На 24 септември „Коско“ треба да ги објави резултатите за четвртиот квартал, што е особено важно бидејќи со тоа се заокружува фискалната година и може да даде клучни насоки за годината што следи.
Досегашните квартални резултати не помогнаа на акцијата. Кога „Коско“ последен пат објави резултати во мај, акцијата потоа падна. Ниту резултатите во март немаа значително влијание, а во двата претходни периоди акцијата паѓаше по објавувањето на резултатите. Според изворот, акцијата на „Коско“ не скокна по неодамнешните извештаи, но инвеститорите не треба ниту да очекуваат таков скок, освен ако не се случи масовно изненадување.
Причината лежи во вреднувањето. Акцијата на „Коско“ веќе долго време се тргува со премија, што значи дека очекувањата се високи — таа се тргува со близу 50 пати од својата заработка, што е астрономски број кога станува збор за секторот трговија. Освен високото вреднување, изворот наведува и загрижувачки изгледи за економијата и можноста за зголемување на каматните стапки како причини за претпазливост. Заклучокот е дека има повеќе причини да се очекува пад отколку раст на акцијата по објавувањето на резултатите за четвртиот квартал.
Бизнисот на „Коско“ е исклучително силен, но тоа не значи дека акцијата е добар избор за купување.
Сепак, според изворот, ова не е акција што вреди да се плати 50 пати од заработката. Со таков множител, растот би требало да биде значително повисок за да се оправда вреднувањето, односно би требало да стане збор за акција со моќен раст. Колку и да е силна компанијата, постојат подобро вреднувани акции за инвеститорите. Дури и ако „Коско“ има солидни резултати во четвртиот квартал, не се очекува акцијата значително да порасне, едноставно затоа што нејзиното вреднување е веќе неверојатно високо.