Концесиите во рударството донесоа двојно повеќе пари во 2025 година, раскинати 53 договори
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека наплатата од концесиски надоместоци во 2025 година надминала 1,2 милијарди денари, што е повеќе од двојно зголемување во однос на претходната година. Според податоците на министерството, вкупната наплата во 2024 година изнесувала околу 561,5 милиони денари, а во 2025 година достигнала околу 1,222 милијарди денари, што претставува зголемување од повеќе од 660 милиони денари, независно од даноците и придонесите што компаниите ги плаќаат по други основи. Растот на наплатата, како што објаснуваат од министерството, произлегува од повисоките надоместоци, засилените теренски проверки, писмените опомени и поодлучното постапување кон концесионерите што не ги исполнуваат обврските. Со новиот Тарифник, во примена од 1 јануари 2025 година, кај металичните минерални суровини концесискиот надоместок е зголемен од 2 на 4 отсто, а кај мермерот од 1 на 5 отсто. Со овие измени се зголемува финансиската обврска на концесионерите за користењето на природните ресурси, како и придонесот што државата го остварува од нивната експлоатација. Паралелно со подобрената наплата, министерството постапува и во однос на концесиските договори, при што се евидентирани 53 раскинати концесиски договори. Од министерството нагласуваат дека раскинувањето на договорите и зајакнувањето на инспекцискиот надзор се дел од пристапот во кој концесијата подразбира јасни обврски, а плаќањето надоместок не ги ослободува операторите од исполнување на техничките услови и обврските за заштита на животната средина. „Со новиот Тарифник, во примена од 1 јануари 2025 година, кај металичните минерални суровини концесискиот надоместок е зголемен од 2% на 4%, а кај мермерот од 1% на 5%. Со овие измени се зголемува финансиската обврска на концесионерите за користењето на природните ресурси, како и придонесот што државата го остварува од нивната експлоатација“, велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Во 2026 година инспекц