Компаниите шампионки ги споделуваат семејните политики на работното место во Стопанската комора
FinPortal.mk · 23.9.2026 г.
Здружението „Конект“, во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), денеска во Стопанската комора на Северна Македонија го одржува настанот „Работни места по мерка на семејствата: размена на најдобрите приоди од компаниите шампионки“. Настанот е посветен на размена на искуства и успешни практики за спроведување родово одговорни семејни политики на работните места, а на него ќе учествуваат компании од земјава и од Косово. Според соопштението на Здружението, во воведниот дел поздравни обраќања ќе имаат вршителката на должност шефица на канцеларијата на УНФПА, Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, и извршната директорка на здружението „Конект“, Никица Кусиникова. Настанот ќе го модерира Ирина Хаџи Митова, проектна раководителка во „Конект“. Во продолжение ќе се одржи панел-дискусија насловена „Мерки што даваат резултати: Разговор со водечки компании од Северна Македонија и Косово“, во чии рамки ќе биде промовирана и публикацијата „Работни места по мерка на семејствата: Практикум на мерки што функционираат“. На панелот ќе дебатираат извршната директорка и сопственичка на „Комфи ангел“ (Comfy Angel), Ирена Јакимовска; помошник-директорката на Секторот за човечки ресурси при „НЛБ Банка АД Скопје“, Елизабета Саздовска; асистентката во „Фармахем“, Александра Петровска-Горин; експертката за човечки ресурси и авторка на практикумот, Ивана Дојчиновска-Стојановиќ; како и раководителката на Секторот за човечки ресурси во „ФИНКА Косово“ (FINCA Kosovo), Хана Салиху. Како што посочуваат од „Конект“, во време кога стопанството се соочува со предизвици за привлекување и задржување на кадар, родово одговорните семејни политики се ефикасна алатка за јакнење на продуктивноста, задоволството на вработените и конкурентноста на работодавачите. Според нивните оценки, токму ваквите мерки им помагаат на компаниите полесно да го привлечат и да го задржат квалитетниот кадар, што е еден од најголемите предизвици со кои се соочува домашното стопанство. Промовираниот практикум претста