Комората предлага ограничување на неработните денови, Многуфина: За работниците од производство ќе се најде начин, за администрацијата што дреме по кафиња — не
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Стопанската комора на Македонија подготви предлог-измени на Законот за празниците, со кои се предлага ограничување на бројот на неработни денови годишно, како и промена на начинот на нивното користење. Предлогот треба да биде доставен до Министерството за економија и труд, а според најавите, секој вработен би имал најмногу 13 неработни дена по основ на празници во текот на годината. Според предлогот, покрај 11-те празници што важат за сите граѓани, вработениот при склучување на договорот за работа би избирал уште два празника од оние што се однесуваат на верските или етничките заедници. Дополнително, се предлага празниците што паѓаат во недела повеќе да не се префрлаат како неработен ден во првиот нареден работен ден. Од Стопанската комора велат дека не предлагаат укинување на празниците, туку промена на начинот на нивното користење. Според нив, сегашниот систем создава организациски и финансиски тешкотии за работодавачите, а честите продолжени викенди негативно влијаат врз продуктивноста. На најавените промени реагираше Ина Многуфина, која изрази сомнеж дека ограничувањата ќе бидат применети еднакво за сите категории вработени. Таа посочи дека ќе се најде начин боледувањето од седум да се намали на пет дена без специјалистички наод, како и начин да се намалат деновите за работниците од погон или шивална, но дека за дел од јавната администрација што, како што рече, дреме по кафиња, на фризер, депилација и нокти, никако да се најде начин да се соберат во канцеларија. „Ќе се најде начин боледувањето од 7 да се намали на 5 дена без специјалистички, ќе се најде начин да се намалат деновите за Павлина од погон или шивална да може да работи и тогаш, само за дел од јавна администрација што дреме по кафиња, на фризер, депилација и нокти никако да се најде начин да се соберат во канцеларија“, напиша Многуфина. Одделно, со најавени измени на друг закон се предвидува матичните лекари самостојно да можат да одобрат боледување без специјалистички наод најмногу пет дена, наместо