Комората предлага ограничување на неработните денови, Многуфина реагира на разликите меѓу работниците
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Стопанската комора на Македонија подготви предлог-измени на Законот за празниците со кои се предлага ограничување на бројот на неработни денови, а реакцијата на јавноста не изостана. Според предлогот, секој вработен би имал најмногу 13 неработни дена годишно по основ на празници, а покрај 11-те празници што важат за сите граѓани, вработениот при склучување на договорот за работа би избирал уште два празника од оние што се однесуваат на верските или етничките заедници. Предлогот, кој треба да биде доставен до Министерството за економија и труд, предвидува и промена во начинот на користење на празниците што паѓаат во недела. Според предложеното решение, тие повеќе да не се префрлаат како неработен ден во првиот нареден работен ден. Од Стопанската комора велат дека не предлагаат укинување на празниците, туку промена на начинот на нивното користење. Според нив, сегашниот систем создава организациски и финансиски тешкотии за работодавачите, а честите продолжени викенди негативно влијаат врз продуктивноста. На најавените промени реагираше Ина Многуфина, која го истакна проблемот со нееднаквиот третман на различните категории работници. „Ќе се најде начин боледувањето од 7 да се намали на 5 дена без специјалистички, ќе се најде начин да се намалат деновите за Павлина од погон или шивална да може да работи и тогаш, само за дел од јавна администрација што дреме по кафиња, на фризер, депилација и нокти никако да се најде начин да се соберат во канцеларија“, напиша Многуфина. Нејзината реакција доаѓа во момент кога паралелно се најавуваат измени и на друг закон, со кои матичните лекари самостојно би можеле да одобрат боледување без специјалистички наод најмногу пет дена, наместо досегашните седум. За одредени дијагнози се предвидени исклучоци, што значи дека за некои состојби правилото за пет дена нема да важи. Предлогот на Стопанската комора доаѓа како одговор на барањата на дел од бизнис-секторот, кој со години укажува дека честите неработни денови го отежнуваат планирањето