Комисијата за политички систем денеска расправа за измените на Кривичниот законик поврзани со СЕПА
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи седница на која на дневен ред е Предлогот на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, кој се разгледува по скратена постапка. Според предложениот текст, целта на измените е да се намалат ризиците поврзани со членството на земјата во Единствената европска платежна зона (СЕПА), како и да се отстранат слабостите во постојните одредби и да се постапува согласно Извештајот од спроведената евалуација на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, усвоен од Комитетот Moneyval во 2023 година, заради усогласување со Препораките на ФАТФ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вчера, образложувајќи ги измените, нагласи дека станува збор за само мала интервенција во Кривичниот законик, додека новиот закон на којшто се работи денеска ќе биде испратен на мислење до Европската комисија. Тој побара поддршка од сите пратеници за носење на измените. „Измените се однесуваат само на една цел, а тоа е да се намалат ризиците поврзани со членството на Македонија во СЕПА, во единствената европска платежна зона, што веќе е остварено пред една година и е многу корисно за македонските стопанственици и за граѓаните бидејќи обезбедува брзо и поекономично тргување со сите земји-членки на ЕУ и со земјите-членки на Европската економска област“, рече Милошоски. Тој потсети дека препораката за овие измени е дадена уште во мај 2023 година од експертската група Moneyval за спречување перење пари и финансирање тероризам при Советот на Европа. Според неговите зборови, со овие измени ќе се зајакнат членовите кои што се однесуваат на конфискација на имот и на финансирање тероризам, како и членовите кои имаат надлежност за делото перење пари. Во Собранието денеска се закажани и две седници на Законодавно-правната комисија. Пред членовите на оваа комисија се Предлогот на законот за ратификација на Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа,