Комисијата утврди дискриминација и виктимизација: скопска ИТ-компанија му дала отказ на вработен со аутизам откако тој пријавил психолошко насилство

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Скопска информатичко-технолошка компанија, која се претставува како водечка во Македонија, му дала отказ на вработен со аутизам откако тој пријавил психичко изживување врз него од страна на колективот, покажува одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Според одлуката, компанијата од 2021 година го дискриминирала и виктимизирала вработениот преку емоционално и вербално насилство, а отказот уследил по поднесувањето на претставката до Комисијата. КСЗД, по сеопфатна истрага, утврдила тешка дискриминација по перцепција врз основа на здравствена состојба во областа на работата и работните односи, сторена од страна на оваа ИТ-компанија која му дала отказ на подносителот на претставката. Комисијата утврдила и виктимизација во областа на работата и работните односи од страна на компанијата, пред да му го врачи отказот на аутистичното лице. Одлуките на КСЗД се анонимизирани за да се заштити идентитетот на пријавителите. Според одлуката, дискриминацијата и виктимизацијата се манифестирале преку емоционално и вербално насилство кое вклучувало исмевање, понижување, омаловажување, навредување, озборување, клевета и закани, сторени од страна на повеќе негови колеги и колешки. Жртвата во својата претставка наведува дека вкупните инциденти кон него во фирмата се стотици, поради што предметот во Комисијата го опфаќа целиот тренд на психолошко насилство од изминатите години и културата на мобинг што, како што тврди тој, компанијата ја негува. Лицето смета дека основната причина за обемот и долготрајноста на психолошкото насилство што го трпи, како и за неспособноста на раководството да го разреши проблемот, е во тоа што тој е лице на спектарот на аутизам од прв степен, без вербална или интелектуална попреченост. Во претставката тој жали што била пропуштена шансата колегите да дознаат дека е аутистичен, да сфатат зошто изгледа различен и зошто не одговара на шеги. Дури предлагал и на негов трошок да се одржи обука за тоа, но, како што наведува, без успех

Комисијата утврди дискриминација и виктимизација: скопска ИТ-компанија му дала отказ на вработен со аутизам откако тој пријавил психолошко насилство | FinPortal.mk

Скопска информатичко-технолошка компанија, која се претставува како водечка во Македонија, му дала отказ на вработен со аутизам откако тој пријавил психичко изж