Комерцијална банка со 68,4 милиони евра добивка за девет месеци, активата достигна 3,25 милијарди евра
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Комерцијална банка забележала добивка од 68,4 милиони евра во првите девет месеци од годинава, што е за 1,1 отсто пониско од минатогодишниот резултат во истиот период, кога изнесувал 69,1 милион евра. И покрај благиот пад, банката го надминала планираниот профит за деветмесечјето за 11,1 отсто, покажуваат неревидираните и неконсолидирани резултати на банката. Вкупната актива на Комерцијална банка достигнала 3,25 милијарди евра, депозитите изнесуваат 2,77 милијарди евра, а вкупните пласмани се околу 1,53 милијарди евра. Приходите од провизии скокнале за речиси 22 отсто, а кредитирањето расте, при што повеќе пари се вложуваат во државни хартии од вредност. Од банката објаснуваат дека причина за благото намалување на заработката не е послабото редовно банкарско работење. Напротив, нето-приходите од камати, провизии и курсни разлики се зголемени. Разликата во однос на претходниот резултат главно произлегува од пониските останати приходи, пред сè од помалата капитална добивка од продажба на преземен имот, како и од растот на оперативните расходи и исправката на вредност. Показателот за оперативната сила на банката е поповолен — добивката пред исправка на вредност е за 0,9 отсто повисока од лани. Вкупните приходи од работењето достигнале 107,1 милион евра и се зголемени за 2,1 отсто. Најголемиот извор на приливи се каматите. Нето-приходите од камати изнесуваат 75,88 милиони евра и се зголемени за 3,8 отсто, додека самите приходи од камати достигнуваат 86,85 милиони евра, со раст од 4,2 отсто. Најголемото зголемување доаѓа од секторот држава, како резултат на поголемите пласмани во државни хартии од вредност, велат од банката. Повисоки се и каматните приходи од домаќинствата и компаниите, благодарение на растот на кредитирањето. Од друга страна, и парите што банката ги плаќа за депозитите станале поскапи. Каматните расходи се зголемиле за 6,9 отсто, главно поради поголемиот обем на орочени депозити. Тоа резултирало со намалување на нето-каматната маржа од 3,58 на 3,46 отст