29.10.2026 - Комерцијална Банка АД Скопје - Други ценовно чувствителни информации
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Комерцијална банка АД Скопје го објави Коментарот на неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех и Биланс на состојба за периодот од 1 јануари до 30 септември 2026 година. Според објавените податоци, Банката во анализираниот период остварила позитивен финансиски резултат во износ од 4.204,8 милиони денари. Остварениот резултат е за 1,1 % понизок од позитивниот финансиски резултат во истиот период минатата година, кога изнесувал 4.250,1 милион денари. Планираната бруто-добивка за трите квартали од годинава е остварена со 111,1 %. Од Банката објаснуваат дека намалувањето главно е резултат на помалку реализирани останати приходи од дејноста, пред сè поради помал износ на евидентирана капитална добивка од продажба на преземен имот, додека приходите од редовно работење — нето-приходите од камати, провизии и курсни разлики — се зголемени. Дополнително, во извештајниот период пораст забележаа вкупните расходи од работењето и исправката на вредност на нето-основа. И покрај тоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 0,9 % повисока во однос на истиот период минатата година. Позитивниот резултат е остварен во услови на натамошна геополитичка неизвесност, при што домашниот економски амбиент се одликуваше со продолжување на економскиот раст, променлива инфлација и претпазлива монетарна политика. Домашната инфлација во првото полугодие забележа раст од 4,1 % (кумулативно за периодот), поради што Народната банка ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 п.п. и истата достигна 4,25 %. За периодот јануари–септември инфлацијата достигна 3,6 %, но и натаму остана над таргетираното ниво од 2,0 %. Вкупните приходи од работењето изнесуваат 6.588,1 милион денари и бележат зголемување од 2,1 % во однос на истиот период минатата година. Клучните показатели од работењето: Нето-приходите од камата се зголемени за 3,8 % во однос на истиот период минатата г