Колку треба да заработувате за да се сметате за богати? Германски институт објави пресметки
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Германскиот економски институт (IW) разви калкулатор со кој граѓаните можат да ја проверат својата положба според распределбата на приходите и да дознаат колку луѓе во Германија се посиромашни или побогати од нив. Анализата покажува колку се разликуваат границите на приходите во зависност од тоа дали лицето живее само, издржува дете или го дели домаќинството со партнер, пренесува „Феникс магазин“. Според пресметките на Германскиот економски институт, лице што живее само се смета за релативно сиромашно доколку неговиот месечен нето-приход е помал од 1.450 евра. Во пониската средна класа спаѓаат лицата со месечни нето-приходи од 1.450 до 1.940 евра, додека во средната класа, во потесна смисла, се вбројуваат оние што заработуваат до 3.630 евра месечно. Вишата средна класа ги опфаќа самците со месечни нето-приходи до 6.050 евра, а лицата што заработуваат повеќе од овој износ, според класификацијата на институтот, се сметаат за релативно богати. Кај самохраните родители со дете помладо од 14 години, границите се значително повисоки. За релативно сиромашни се сметаат самохраните родители чии вкупни месечни нето-приходи се помали од 1.890 евра. Пониската средна класа ги опфаќа приходите до 2.520 евра, додека средната класа, во потесна смисла, ги вклучува оние со приходи до 4.720 евра. Самохран родител со месечни нето-приходи до 7.860 евра припаѓа на вишата средна класа, додека над овој износ се смета за релативно богат. Кај паровите без деца, границите се поинакви. Домаќинство со две возрасни лица се смета за релативно сиромашно ако располага со помалку од 2.180 евра нето месечно. Пониската средна класа опфаќа приходи до 2.900 евра, средната класа во потесна смисла до 5.440 евра, а вишата средна класа до 9.070 евра. Паровите чии вкупни месечни нето-приходи го надминуваат овој износ се вбројуваат во категоријата релативно богати. Од пресметките произлегува дека одговорот на прашањето кога некој припаѓа на средната класа, а кога може да се смета за богат, не зависи само од в