Климовски најавува ревизија и за 2023 и 2022 година по откриениот недостиг од 80 милиони денари во Државна лотарија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
По откриениот недостиг од 80 милиони денари на сметката на Државна лотарија, генералниот директор Александар Климовски најави дека во следниот период ќе биде испитано работењето на институцијата и во претходните години, со цел да се утврди дали недостасуваат средства и во тие периоди. Според неговите изјави, случајот бил утврден при ревизијата за 2024 година, а сега следуваат проверки за 2023 година, при што не е исклучена можноста да се испита и работењето во 2022 година. Климовски објасни дека прашањето за недостигот од 80 милиони денари било упатено директно до него како прв човек на институцијата, по што тој детално го образложил начинот на кој случајот бил откриен. Како што посочи, Државниот завод за ревизија го утврдил проблемот при проверката на работењето за 2024 година, а во следната фаза ќе се проверува и работењето во 2023 година за да се види колку пари недостасуваат и во тој период. Тој не ја исклучи можноста и 2022 година да биде предмет на истата постапка, со цел целосно да се утврди дали има недостиг на средства и во тие години. На прашањето кога последен пат била спроведена независна ревизија на дневните уплати, прометот и целокупното работење на Државна лотарија, Климовски одговори дека токму Државниот завод за ревизија го утврдил случајот при проверката за 2024 година. Тој најави дека ќе следуваат проверки и за 2023 година, а можно е да се испита и работењето во 2022 година за да се утврди дали недостигаат средства и за тие периоди. Генералниот директор посочи дека веднаш по преземањето на функцијата се обратил до Државниот завод за ревизија, имајќи ја предвид обемноста на материјалот поврзан со работењето на институцијата. Тој додаде дека уште пред објавувањето на конечниот ревизорски извештај добил индикации за можни неправилности и одлив на пари, по што била алармирана Финансиската полиција. „Случајот е утврден од страна на Државниот завод за ревизија кога дојде за 2024 година. Сега ќе следи истрага за 2023 година, да видиме колку пари фалат и