Клековски: Здравството има закони и стратегии, но тие сè уште не работат како еден систем
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека државата има солидна основа за квалитетна здравствена заштита, но главниот предизвик останува тие елементи да се поврзат во функционален национален систем со јасни одговорности, соодветни ресурси и редовно следење на напредокот. На втората национална работилница посветена на зајакнување на националната рамка за квалитет на здравствената заштита, која се одржа со поддршка од Светската здравствена организација и во соработка со Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи (АКАЗУМ), беа презентирани резултатите од националната проценка на квалитетот на здравствената заштита. Проценката е спроведена во изминатите месеци со стручна поддршка од Канцеларијата на СЗО во Скопје и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствената заштита и безбедност на пациентите во Атина, со примена на алатката на СЗО за национална проценка на квалитетот. Таа опфати преглед на документи, консултации со институциите, здравствените работници и претставниците на пациентите, како и теренски посети на клиники, болници и установи од примарната здравствена заштита. Според резултатите, државата има важни основи за квалитетот: законска рамка, Стратегијата за здравство 2021–2030, Националниот план за безбедност на пациентите, механизми за акредитација и дигитални системи како „Мој Термин“. Главниот предизвик, како што беше нагласено, е овие елементи да се поврзат во функционален национален систем со јасни одговорности, соодветни ресурси и редовно следење на напредокот. „Имаме закони, стратегии и системи, но тие сè уште не функционираат како еден систем. Нашиот предизвик не е да донесеме нови документи, туку постојните навистина да профункционираат во практиката“, изјави министерот Клековски на работилницата. Министерот издвои три приоритети: безбедност на пациентите и надминување на културата на неказнивост, поврзување на финансирањето на здравствените услуги со квалитетот и јасно утврдување на одговорностите на секоја инст