Клековски во Копенхаген: Дигиталната трансформација и превенцијата се врвни приоритети на македонското здравство
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерот за здравство Сашо Клековски учествува на 76. седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, која се одржува во Копенхаген. На седницата, министрите за здравство од земјите од европскиот регион разгледуваа повеќе извештаи и предлози за идната работа на СЗО, а свои програми претставија и шестемина кандидати за нов генерален директор на организацијата. Во своето обраќање пред Регионалниот комитет, министерот Клековски истакна дека предизвиците со кои се соочува нашата земја се заеднички за целиот регион. Тој ги наведе демографските промени, стареењето на населението, растечкиот товар на незаразните болести и одливот на здравствени кадри како клучни проблеми што бараат заеднички одговор. „Вложувањето во здравството е инвестиција во економскиот и социјалниот развој. Затоа, дигиталната трансформација е еден од нашите најважни национални приоритети. Сакаме поповрзан, поефикасен и потранспарентен здравствен систем“, изјави министерот Клековски. Тој нагласи дека подеднакво важно е зајакнувањето на примарната здравствена заштита, со акцент на превенција и рано откривање на незаразните болести, вклучително и канцерогените заболувања. Во делот на превенцијата, Министерството за здравство ја засилува забраната за пушење и подготвува мерки за засладените пијалаци. Министерот Клековски ги посочи и другите приоритети на македонското здравство: подобар пристап до лекови, финансиска заштита на пациентите, модернизација на законската регулатива и одржливо финансирање на здравствениот систем. На крајот од обраќањето, министерот Клековски се заблагодари на Светската здравствена организација, особено на Канцеларијата на СЗО во Скопје, за континуираната техничка поддршка и партнерството во реформите на здравствениот систем. Седницата на Регионалниот комитет на СЗО за Европа во Копенхаген претставува централен годишен форум на кој здравствените министри од европскиот регион усогласуваат политики и насоки за идната работа на организацијата, а изб