Клековски во Истанбул: Глобалните здравствени закани бараат заеднички одговор и поголема соработка

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска се обрати на отворањето на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул, каде пред присутните министри и здравствени експерти порача дека глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори и дека Македонија останува отворена за соработка со сите партнери кои ја делат визијата за модерни, иновативни и отпорни здравствени системи. Конгресот, кој се одржува под мотото „Иновативно здравство: отпорни здравствени системи, наспроти глобалните здравствени закани“, го организираат Министерството за здравство на Република Турција и Институтот за здравство на Турција. На свеченото отворање, покрај турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу, се обратија и министри за здравство од повеќе земји, меѓу кои од Малта, Босна и Херцеговина, Киргистан и други. Во своето обраќање, министерот Клековски му честиташе на турскиот народ 103 години од прогласувањето на Република Турција и посака мир и благосостојба. Тој ја искористи можноста да ја нагласи важноста од меѓународна координација во справувањето со здравствените ризици, оценувајќи дека ниту една земја не може сама да се справи со современите предизвици во здравствената заштита. „Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори. Затоа, Македонија останува отворена за соработка со сите партнери кои ја споделуваат визијата за модерни, иновативни и отпорни здравствени системи“, истакна Клековски пред присутните во Истанбул. Министерот дополни дека дигиталната трансформација на здравството е еден од приоритетите на Министерството за здравство, при што оцени дека Турција има значајно искуство во оваа област. Според него, токму дигитализацијата на здравствените услуги претставува област во која двете земји можат да соработуваат и да разменуваат искуства. Клековски ја нагласи и соработката со Турција, опишувајќи ја земјата како долгогодишен и искрен пријател и значаен партнер на Македонија. Тој посочи дека Турција изградила значајни капацитети во производството на

Клековски во Истанбул: Глобалните здравствени закани бараат заеднички одговор и поголема соработка | FinPortal.mk

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска се обрати на отворањето на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул, каде пред присутните министри и здр