Клековски: Секое вложување во здравството ќе се мери преку тоа дали пациентот побрзо добива дијагноза и лекување
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска се обрати со воведно обраќање на извршната тркалезна маса насловена „Градење одржлив, достапен здравствен систем ориентиран кон пациентите“, во организација на Холандската стопанска комора во Македонија. На настанот учествуваа креатори на политики, даватели на здравствени услуги, клинички експерти, финансиски и меѓународни чинители, како и претставници на индустријата, соопштија организаторите. По министерот Клековски, поздравно обраќање имаше извршниот директор на Холандската стопанска комора, Боб Смит, кој официјално го отвори настанот. Според организацијата, целта на средбата била да се соберат релевантните чинители околу прашањето како да се изгради здравствен систем што е одржлив, достапен и во чиј центар стои пациентот. Дискусијата беше организирана во три сесии. Првата сесија беше посветена на трансформацијата на здравството и патеките на грижа — како преку поинтегрирана и покоординирана грижа да се подобрат резултатите за пациентите, од превенција и дијагноза, преку лекување и рехабилитација, до долгорочно управување со хроничните заболувања. Втората сесија се фокусираше на здравствената еднаквост и пристапот, при што се разговараше за регионалните разлики во пристапот, предизвиците со кадарот, дигиталното поврзување меѓу здравствените институции и кардиоваскуларната грижа како пример за подобро упатување и координација. Третата сесија беше посветена на одржливото финансирање, партнерствата и модернизацијата на здравството — како ефикасно да се инвестира во инфраструктура, технологија и услуги, со подобро планирање и искористување на постојните капацитети и со долгорочна одржливост. Во своето обраќање, министерот Клековски истакна дека трансформацијата на здравството мора да се почувствува токму на патот на пациентот. „Секое вложување во опрема, објекти и дигитализација го мериме со едно прашање — дали пациентот побрзо доаѓа до дијагноза и лекување и дали добива иста грижа без разлика каде живее“, изјави Клековс