Клековски: Отпорот кон децентрализацијата на онколошката терапија е реален, но работиме на негово надминување
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека постои отпор на Клиниката за онкологија и на дел од клиничките болници каде што треба да се спроведе децентрализацијата на терапијата, но дека заедно со раководствата на тие установи работат тоа прашање наскоро да биде решено. Клековски ова го кажа на презентирањето на реализираните активности и стратешките приоритети во изминатите три месеци, каде што се осврна на повеќе суштински проблеми во здравствениот систем. Министерот посочи дека областите каде што треба многу повеќе да се направи се радиологијата, онкологијата, клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и реобмислувањето на концептот за долгорочна нега. Одговарајќи на новинарско прашање за долгонајавуваната децентрализација на онколошката терапија, Клековски направи аналогија со Клиниката за неврологија, каде што, како што рече, претходно имало слична ситуација. – Велеа дека има многу работа бидејќи многу пациенти се вклучени на биолошка терапија за мултиплекс склероза, но во моментот кога рековме „дајте да ја даваме терапијата надвор од Клиниката за неврологија“, почна отпор. Цела година работевме да почне таа терапија да се применува за почеток во Штип, Охрид и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје – рече Клековски. Според министерот, националниот план за децентрализација на онколошката терапија ќе биде подготвен, но основата е тоа што Клиниката за онкологија останува централна болница за третман, а неопходно е дел од терапиите да се пренесат во неколку други болници поблиску до местото на живеење на пациентите. Клековски појасни дека се работи на подобрување на дејностите во неколку болници надвор од Клиниката за онкологија, како и на реобмислување на радиотерапијата и начинот на кој таа се спроведува. Тој потсети дека претходниот обид за децентрализација бил неуспешен и дека пред десет години биле набавени акцелератори кои не се во употреба, поради што е потребен нов пристап. – Претходниот обид е неуспешен, очигледно имаме купено пред 10 годи