Клековски: Одлуката на Уставниот суд за дополнителната работа на лекарите е за поздравување, но потребни се законски измени
FinPortal.mk · 24.9.2026 г.
Министерот за здравство Сашо Клековски денес на прес-конференција изјави дека ја поздравува одлуката на Уставниот суд во врска со дополнителната работа на докторите и оцени дека кон ова прашање треба да се пристапи принципиелно. Тој беше прашан за тоа што Уставниот суд ја отфрлил иницијативата за дополнителната дејност на докторите, при што одредени судии дале издвоено мислење дека сепак е потребна поголема контрола од страна на Министерството за здравство. Клековски потенцираше дека дополнителната работа во други јавни здравствени установи во моментов претставува модел со кој се одржува функционирањето на неколку болници во земјата. Како пример наведе дека анестезиолози од Скопје работат дополнително во Куманово и во Кавадарци, а гинеколози од Скопје работат во Кавадарци. Според министерот, токму поради тоа оваа одлука на Уставниот суд е за поздравување. Министерот се осврна и на претставката што била поднесена, објаснувајќи дека со неа се барала забрана за дополнителна дејност во јавната здравствена установа во која работи докторот или во друга јавна здравствена установа, но не била побарана забрана во приватни здравствени установи. Тој додаде дека прашањето за препраќање на пациенти кои чекаат на термин кон приватна практика по работно време е дел од пошироката тема за контролата и законската рамка. Клековски нагласи дека законските одредби што се предвидени во моментот не се почитуваат, а во многу сегменти се нејасни во однос на спроведувањето. Според него, не е јасно во кои дејности може да се одвива дополнителната работа, ниту кои се потребните услови, како и повеќе други прашања. Затоа, како што рече, Министерството за здравство ќе работи со следната измена на Законот за здравствена заштита да се дојде до едно сеопфатно и транспарентно решение. Министерот објасни дека следната измена на Законот за здравствена заштита треба да биде многу брза, а во неа се работи и на измени во концептот на вработување, со цел понатаму да се зајакне мерит-системот на вработувањ