Клековски најави нов концепт за скринингот на рак на дојка по оценката дека сегашната програма е неуспешна

FinPortal.mk · 4.10.2026 г.

Министерството за здравство ќе ја преиспита и целосно ќе го промени концептот на скрининг-програмата за рак на дојка, откако Државниот завод за ревизија оцени дека досегашната програма е неуспешна. Ова го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Паркот кај Школка, настан организиран од здружението ХЕМА-ОНКО, на кој присуствуваа и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и голем број жени. „Мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам многу бргу заедно со Хема-онко ќе промовираме нов концепт за скрининг-програмата“, изјави министерот Клековски, посочувајќи дека скринингот е еден од главните проблеми во моментов. Тој нагласи дека подигнувањето на свеста за ракот на дојка останува еден од приоритетите на министерството и дека за успешно лекување е неопходно болеста да се открие навреме. Според податоците што ги изнесе министерот, во земјава годишно се регистрираат околу 1.000 нови случаи на рак на дојка, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале од ова заболување. Тој потсети дека ракот на дојка останува едно од најчестите малигни заболувања кај жените. Осврнувајќи се на третманот на пациентките, Клековски информираше дека два лека за рак на дојка се префрлени на позитивната листа, со што пациентките кои се на хронична терапија можат лековите да ги подигнуваат во аптеките, наместо да доаѓаат на Клиниката за онкологија. Според него, снабдувањето со лекови во моментов е стабилно, но Министерството за здравство анализира дополнителни мерки за надминување на прекините во испораката на терапијата. Министерот потсети и дека од минатата година е обезбедена дополнителна финансиска поддршка за Клиниката за торакална хирургија и Клиниката за пластична хирургија, со цел реконструктивните зафати да се изведуваат веднаш по оперативниот третман. „За нас тоа не е само естетско прашање, туку прашање на психофизичкото здравје и квалитетот на живот на жените кои се соочиле со оваа болест“, нагласи Клековски. Минис

Клековски најави нов концепт за скринингот на рак на дојка по оценката дека сегашната програма е неуспешна | FinPortal.mk

Министерството за здравство ќе ја преиспита и целосно ќе го промени концептот на скрининг-програмата за рак на дојка, откако Државниот завод за ревизија оцени д