Клековски најави целосна промена на скринингот за рак на дојка, два лека префрлени на позитивната листа
FinPortal.mk · 4.10.2026 г.
Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека постојната скрининг програма за рак на дојка не ги дава очекуваните резултати и дека е неопходно целосно преосмислување на нејзиниот концепт. Тој ова го соопшти на „Розовиот пикник појадок“, настан организиран од ХЕМА-ОНКО во Паркот кај Школка, на кој присуствуваа и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и голем број жени кои испратија порака за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за оваа болест. Според податоците што ги презентираше министерот, во Македонија секоја година се откриваат околу 1.000 нови случаи на рак на дојка, а во моментов околу 7.000 жени се лекуваат или веќе поминале низ третман за ова заболување. Клековски посочи дека навременото откривање е еден од клучните фактори за успешно лекување, но нагласи дека сегашната скрининг програма не постигнува задоволителни резултати. „Мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам многу бргу заедно со ХЕМА-ОНКО ќе промовираме нов концепт за скрининг програмата“, изјави министерот за здравство, најавувајќи дека новиот пристап ќе биде претставен во наредниот период. Клековски информираше и дека два лека за рак на дојка се префрлени на позитивната листа, што им овозможува на пациентките кои се на хронична терапија лековите да ги подигнуваат во аптеките, наместо да одат на Клиниката за онкологија. Според него, снабдувањето со терапија во моментов е стабилно, но Министерството за здравство анализира дополнителни решенија за да се спречат можните прекини во испораката на лековите. Министерот потсети и дека од минатата година е обезбедена дополнителна финансиска поддршка за Клиниката за торакална хирургија и Клиниката за пластична хирургија, со цел реконструктивните интервенции да се изведуваат веднаш по оперативниот третман. „Тоа не е само естетско прашање, туку прашање на психофизичкото здравје и квалитетот на живот на жените кои се соочиле со оваа болест“, нагласи Клековски. Од ХЕМА-ОНКО порачаа дека раната дијагностика ост