Клековски: Мерете притисок и тежина секое утро, терапијата не се пие само кога ни е лошо
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска апелираше до граѓаните секој ден да го мерат крвниот притисок и телесната тежина, нагласувајќи дека редовното мерење е еден од наједноставните начини за рано откривање на кардиоваскуларните заболувања, кои во Македонија се на прво место меѓу причините за смртност. Тој ја искористи можноста да ја обнови и расправата за воведување на достапноста на мерењето притисок и шеќер во аптеките, предлог што, како што рече, стои повеќе од две години заборавен. Клековски денеска го посети пунктот за бесплатни прегледи што Институтот за јавно здравје го организираше по повод Светскиот ден на срцето. Прегледите опфаќаа совети од стручни лица, мерење притисок, шеќер, висина и тежина, со цел подигнување на свеста за кардиоваскуларните заболувања. „Нашиот фокус треба да бидат кардиоваскуларните заболувања бидејќи тие се еден од главните контрибутори за предвремена смртност на луѓе на возраст меѓу 30. и 70. година кога очекуваниот животен век е 75 години. И тоа што е многу важно, сите овие работи може да се превенираат и рано да се откријат со едноставни работи“, изјави министерот. Тој потенцираше дека високиот крвен притисок е еден од најтивките убијци, како што условно се изрази, кој влијае и на срцевото здравје, и на бубрежното здравје, и на мозочното здравје. Заедно со нерегулираниот дијабетес, како што рече, тие стануваат главни контрибутори во срцеви, мозочни и бубрежни заболувања. Министерот упати конкретен апел до луѓето секој ден да мерат притисок. „Јас ги мерам мојот притисок и мојата тежина секој ден наутро за да знам дали осцилира. Сѐ што е повеќе од 120 со 80 притисок треба да го регулирате. Ако долниот притисок е над 90, задолжително пијте терапија. Терапијата не треба да се користи само ако не се чувствувате добро, таа мора редовно да се користи“, додаде Клековски. Според податоците што денеска ги изнесе директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија мин