Клековски бара странски експерти за ревизија на случајот со Ива Михаилова
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерот за здравство Сашо Клековски најави дека деновиве ќе формира комисија која ќе ја разгледува медицинската документација во случајот со Ива Михаилова, а поради чувствителноста на случајот ќе побара експерти од странство да направат ревизија. Според министерот, првичниот инспекциски надзор е завршен, а целокупната документација од здравствените установи е веќе прибрана и претстои нејзина детална обработка. Клековски изјави дека инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) опфатил повеќе болници, меѓу кои Клиниката за неврологија и болниците во Кочани и Штип, како и уште една здравствена установа. „Завршивме со првичниот инспекциски надзор од ДСЗИ. Опфатени се повеќе болници, освен Клиниката за неврологија и болниците во Кочани, Штип и уште една здравствена установа. Деновиве ќе формирам комисија, а поради сензитивноста на случајот, ќе барам експерти надвор од земјата да направат ревизија на случајот“, рече министерот за здравство. Дополнителната проверка, како што посочи Клековски, треба да го опфати и постапувањето на здравствените установи вклучени во случајот. Министерот уште на 20 октомври соопшти дека при инспекцискиот надзор поврзан со лекувањето на Михаилова биле констатирани прекршоци, поради што побарал дополнителна стручна проверка на медицинскиот дел од извештајот. Клековски ја оспори медицинската оправданост за лекување на Михаилова во странство, тврдејќи дека таа пребегнала во Бугарија токму пред доаѓањето на бугарски лекари кои, заедно со македонските специјалисти, требало да ја проверат нејзината здравствена состојба. Случајот со Ива Михаилова предизвика бурни реакции откако таа пребегна од Македонија во Бугарија, иако имаше судска забрана за напуштање на земјата и одземени пасоши. По неа македонската полиција распиша меѓународна потерница, а Бугарија одби екстрадиција повикувајќи се на уставни ограничувања за предавање сопствени државјани. Михаилова е обвинета за тешка сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип,