КК Скопје со ново име и амбициозни планови влегува во новата сезона во Суперлигата
FinPortal.mk · 2.10.2026 г.
Кошаркарскиот клуб кој летово се ребрендираше од КК Маџари во КК Скопје вечерва ја започнува новата сезона во македонската кошаркарска Суперлига со јасна цел — највисок пласман и долгорочен развој на клубот. Вицепрвакот од минатата сезона прес-конференцијата ја одржа во пресрет на стартот на 35-тата сезона во елитното македонско кошаркарско натпреварување, која вечерва започнува со дербито меѓу МЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово. Тренер на тимот од Гази Баба е поранешниот македонски селектор Марјан Илиевски, кој пред новинарите отворено зборуваше за предизвиците со кои се соочил клубот при составувањето на ростерот. Според него, намалувањето на бројот на странски играчи значително го отежнало формирањето на тимот, а домашните кошаркари се претежно помлади, со исклучок на капитенот Младеновиќ. Илиевски нагласи дека очекува неговите избраници да дадат енергија на теренот и да играат кошарка полна со енергија, а како главна цел ја посочи борбата за највисок пласман. „Поради намалувањето на бројот на странци беше отежнато формирањето на ростерот. Домашните играчи се повеќето помлади со исклучок на капитенот Младеновиќ. Очекувам да дадеме енергија, да играме кошарка полна со енергија. Очекувањата се највисок пласман. Со новото име, што го одбележува целиот град, но има и свое минато и спортски дух во општина Гази Баба, сите влегуваме максимално ентузијастички, и да се направи нешто што ќе трае. Нема да дозволиме да се разочараме ако имаме некој лош резултат, напротив, веруваме дека овој проект може на крајот да го донесе посакуваниот ефект“, изјави Илиевски. Тренерот на Скопје смета дека поради помалиот број странци во лигата потешко се создава тим и потешко се преговара со домашните играчи, но токму поради тоа очекува лигата да биде израмнета, иако, како што рече, според својот неквалитет. Тоа значи дека секој натпревар ќе биде непредвидлив и дека клубовите ќе мора да се потпрат пред сè на домашните сили. Новиот претседател на клубот, Боро Атанасовски, на прес-конференц