Киријата ги „голта“ платите: во 11 европски градови еден приход не е доволен за стан

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Во 11 европски градови една просечна месечна плата не е доволна за изнајмување трособен стан во центарот, покажува истражувањето „Mapping the World’s Prices 2026“ на Дојче банк, кое споредува просечни нето-плати и кирии во 28 европски градови. Пресметката претпоставува дека двајцата партнери работат и заработуваат по една просечна локална плата, а потоа се гледа колку им останува на двојката откако ќе ја платат станарината. Најтешка е состојбата во Лисабон, каде што на двојка со две просечни плати, по плаќањето на киријата, ѝ остануваат само 253 евра за сите други месечни трошоци. Во португалската престолнина просечната нето-плата изнесува 1.408 евра, додека киријата за трособен стан во центарот достигнува 2.561 евро, што значи дека дури и двата прихода заедно тешко ја покриваат станарината. По Лисабон, најтесна е ситуацијата во Истанбул, каде што на двојката по плаќањето на киријата ѝ остануваат 353 евра. Во Милано преостануваат 697 евра, а во Атина 1.148 евра месечно. Меѓу градовите каде што една плата не ја покрива киријата за трособен стан во центарот се Лондон, Мадрид, Барселона, Милано, Рим, Атина, Лисабон, Даблин, Прага, Будимпешта и Истанбул. На спротивниот крај на скалата е Цирих. Иако киријата таму достигнува 5.502 евра, високите просечни плати овозможуваат на двојката да ѝ останат 9.140 евра месечно по плаќањето на станарината. Во Женева преостануваат 8.783 евра, а во Луксембург 5.890 евра, што покажува дека разликите меѓу европските градови се огромни. Разликите се видливи и меѓу големите европски метрополи. Во Берлин, по плаќањето на киријата, на двојка ѝ остануваат 3.554 евра, нешто повеќе отколку во Париз, каде што остануваат 3.336 евра. Причината е пониската станарина во германската престолнина, иако просечните плати во Париз се повисоки. Истражувањето не ги вклучува трошоците за храна, сметки, превоз и други секојдневни потреби. Затоа износот што останува по киријата не претставува слободен приход за трошење или штедење, туку само груба слика за тоа

Киријата ги „голта“ платите: во 11 европски градови еден приход не е доволен за стан | FinPortal.mk

Во 11 европски градови една просечна месечна плата не е доволна за изнајмување трособен стан во центарот, покажува истражувањето „Mapping the World’s Prices 202