Кина гради врски со Македонија преку јазик, стипендии и културни размени

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Кина систематски гради врски со македонските граѓани и институции преку изучување на кинескиот јазик, стипендии, академски размени и културни настани, покажува анализата на овие образовни и културни контакти. Нејзината таканаречена „мека моќ“ не се сведува само на промоција на културата, туку придонесува и за долгорочно јакнење на нејзиниот имиџ и присуство во земјава и во регионот, се наведува во текстот. Еден од највидливите примери е приказната на Јана Алексова, 15-годишна ученичка од Виница, која веќе пет години го учи кинескиот јазик од својот дом. Преку онлајн часовите на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, таа добила можност да учи јазик што ѝ отворил врата кон една поинаква култура, нови пријателства и меѓународно искуство. Нејзиниот интерес ја однел и на натпреварот „Кинески мост“, на кој покрај знаењето на јазикот, учесниците ја претставуваат и културата од која доаѓаат. Таа одржала говор на кинески, отпеала кинеска песна и настапила во македонска народна носија. За своето учество освоила стипендија што ѝ овозможува еден семестар да го усовршува јазикот во Кина, во периодот до 2029 година. „Ова искуство беше многу повеќе од обичен натпревар — тоа беше можност да создадеме нови пријателства со млади луѓе од целиот свет и преку меѓусебна дружба да градиме мостови помеѓу нашите различни култури“, вели Алексова. Престојот во Кина за неа бил многу повеќе од туристичка посета. Учениците посетувале училиште во Тјенџин, присуствувале на редовна настава и престојувале кај кинески семејства. Ја запознале земјата преку нејзините историски знаменитости, храната и традициите, но и преку современите технологии, електричните возила и други образовни активности. Приказната на средношколката е еден од примерите за образовните и културните врски меѓу Северна Македонија и Кина. Тие се развиваат преку изучување јазици, стипендии, академски размени, научни проекти и културни настани. Но, покрај можностите што ги создаваат овие контакти, се

Кина гради врски со Македонија преку јазик, стипендии и културни размени | FinPortal.mk

Кина систематски гради врски со македонските граѓани и институции преку изучување на кинескиот јазик, стипендии, академски размени и културни настани, покажува