Керик по фантастичниот пресврт: На „Олд Трафорд“ се случуваат магични работи

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Манчестер јунајтед стигна до прва победа на „Олд Трафорд“ по пауза од два месеци, откако со фантастичен пресврт го совлада Рома со 3:2 во натпревар од Лигата на шампиони. Англискиот гигант губеше со 0:2 на полувреме, но успеа целосно да го преврти резултатот во второто полувреме и така дојде до втората победа во ова натпреварување, со што ги задржа реалните шанси за пласман во нокаут-фазата. По средбата, тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик, беше пресреќен и пред сè им оддаде признание на играчите, кои, како што рече, покажале карактер и квалитет токму тогаш кога тоа најмногу било потребно. Тој потсети дека на „Олд Трафорд“ се случуваат неверојатни, магични работи, а токму за тоа разговарале и на полувремето. „Беше одлична вечер. Пред сè, морам да им оддадам признание на играчите, кои покажаа карактер и квалитет токму тогаш кога ни беше најпотребно. На овој стадион се случуваат неверојатни, магични работи, а за тоа разговаравме и на полувремето. Мислам дека постепено влегувавме во ритам во текот на првото полувреме, откако претходно премногу лесно примивме голови. На полувремето зборувавме за тоа колку брзо можат да се променат работите. Овде доволен е само еден момент. Момците ја искористија секоја, па и најмала шанса, и на крајот беа фантастични“, изјави Керик. Тренерот на англискиот гигант продолжи со објаснување на она што им го порачал на фудбалерите во соблекувалната на полувремето, кога неговиот тим заостануваше со два гола. „Им реков да не паѓаат премногу со духот. Имав чувство дека влегуваме во ритам и дека сè почесто стигнуваме до нивниот шеснаесетник. Играчите не го гледаа тоа така, бидејќи кај нив се наталожија многу фрустрација и разочарување. Знаев дека правиме и добри работи против еден многу силен противник. Кога противникот игра толку цврста одбрана „човек на човек“, неизбежно е да имате исто толку неуспешни, колку што имате и успешни моменти. Клучот е да се задржи позитивен став, а момците одлично реагираа во второто полувреме“, додаде Керик

Керик по фантастичниот пресврт: На „Олд Трафорд“ се случуваат магични работи | FinPortal.mk

Манчестер јунајтед стигна до прва победа на „Олд Трафорд“ по пауза од два месеци, откако со фантастичен пресврт го совлада Рома со 3:2 во натпревар од Лигата на