Касами: Влен не бара предвремени избори, но е подготвена за нив и уверена во победа
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Партијата Влен не инсистира на предвремени парламентарни избори, но доколку дојде до нив, таа е целосно подготвена и уверена дека повторно ќе излезе како победник во албанскиот политички блок. Ова го изјави градоначалникот на Тетово и еден од копретседателите на Влен, Биљал Касами, коментирајќи ги актуелните политички состојби во земјата. Според Касами, Влен како дел од централната и локалната власт во моментов е фокусирана на исполнување на програмата што им ја понудила на граѓаните, што претставува нејзин главен приоритет. „За предвремени избори ние како Влен сме подготвени утре да се објават, но како дел од владината коалиција и како дел од локалната власт, сме во реализација на програмата, тоа што сме го нуделе на граѓаните, така да ние не бараме предвремени избори“, рече Касами. Тој изрази уверување дека при евентуални избори Влен повторно ќе биде победник во албанскиот политички блок. „Уверени сме дека и да има предвремени избори, пак Влен нели ќе биде победник во албанскиот блок и ќе биде дел од Владата и ќе ги води општините и понатаму. Така да наш приоритет е реализација на тоа што е понудено, а ако има предвремени избори, сме подготвени и сме убедени дека ќе бидеме апсолутни победници“, додаде Касами. Темата за предвремени парламентарни избори повторно се актуализираше откако претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој доаѓа од партијата Влен, минатата недела изјави дека е убеден оти во државата нема да се случат предвремени парламентарни избори. Гаши посочи дека ваквото убедување го темели на својата политичка интуиција, но и на политичките изјави што се пласираат во јавноста, изразувајќи уверување дека до предвремени избори нема да дојде. Темата за предвремени избори минатиот месец ја актуализираше премиерот Христијан Мицкоски, кога одговарајќи на новинарско прашање рече дека доколку опозицијата поднесе барање во Собранието, неговата ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори позитивно. Опозициската ДУИ ја поздрави изјавата на премиерот за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ да од