Картал го исклучи телефонот и не дојде на тренинг — Фенербахче во тренерски хаос
FinPortal.mk · 11.9.2026 г.
Драмата во редовите на турскиот фудбалски клуб Фенербахче доби ново продолжение откако тренерот Исмаил Картал не се појави на денешниот тренинг и целосно ги прекина контактите со раководството на клубот. Според информациите од Турција, искусниот стратег ги исклучил своите мобилни телефони и во моментов е недостапен за челниците на клубот, што дополнително ја влоши и онака напнатата ситуација во клубот. Поради отсуството на Картал, денешниот тренинг на Фенербахче морале да го водат Дирк Кајт и Зеки Ѓоле, кои превзеле командата над тимот во отсуство на првиот тренер. Овој развој на настаните доаѓа само еден ден откако претседателот на клубот, Азиз Јилдирим, јавно порача дека не ја прифаќа оставката на Картал и дека тој останува на клупата на Фенербахче. Картал ја објави својата оставка веднаш по натпреварот против Рома во Лигата на шампионите, кој заврши со резултат 1-1. Според турските медиуми, одлуката на тренерот дошла по тензичната атмосфера околу тимот, но и по инцидентот на трибините, кога навивач го погодил тренерот со шише во главата. Дополнителен притисок врз Картал создава и резултатскиот старт на Фенербахче во турското првенство, кој не ги исполнил очекувањата на клубот. По мечот со Рома, Картал јасно порачал дека сака да си замине и дури нагласил дека нема намера повторно да се врати на клупата на клубот. Сепак, претседателот Јилдирим не се согласил со неговата одлука и инсистирал стратегот да продолжи со работата. „Картал е под голем стрес, но тој останува тренер на Фенербахче“, порачал првиот човек на клубот. Однесувањето на Картал денеска, сепак, покажува дека тој очигледно не отстапува од својата одлука. Недоаѓањето на тренинг и целосното прекинување на комуникацијата со управата се јасен сигнал дека ситуацијата е далеку од решена. Челниците на Фенербахче во текот на денот ќе се обидат да стапат во контакт со тренерот и да организираат итен состанок, со цел конечно да се расчисти ситуацијата и да се донесе одлука за тоа кој ќе го води тимот во продолже