Капитенот на Бенин пред дуелот со Аргентина: „Аргентинците сакаат да ти влезат под кожа
FinPortal.mk · 5.10.2026 г.
Капитенот и најдобар стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на Бенин, Стив Мние, предизвика бура од реакции во Аргентина откако пред претстојниот пријателски натпревар на „Монументал“ во Буенос Аирес предупреди дека домаќинот игра валкано и дека неговите соиграчи мораат да бидат психички подготвени за провокации. Бенин ќе биде специјален гостин на прошталниот натпревар на Лионел Меси во дресот на Аргентина пред домашната публика, а дуелот ќе се одигра во ноќта меѓу вторник и среда од еден часот по полноќ по македонско време. Мние поради повреда нема да настапи на овој натпревар, но ќе биде на трибините и ќе ги поддржува соиграчите. „За нас овој натпревар е вистински настан. Пристигнуваме со амбиција целиот свет да нè види. Не сакаме да играме само обичен пријателски натпревар, туку да покажеме дека можеме да играме квалитетен фудбал на оваа голема сцена“, изјави Мние за „Оле“. Напаѓачот, кој настапува за Аугсбург, потоа предупреди на специфичниот стил на Аргентина, потсетувајќи на своите дуели со Леонардо Балерди во Франција. „Аргентинците сакаат да ти влезат под кожа. Зборуваат со тебе, те напаѓаат постојано и се обидуваат да те исфрлат од концентрација. Ако не си психички силен, лесно можеш да подлегнеш на емоциите и да добиеш картон“, смета Мние. Тој откри дека веќе ги предупредил соиграчите да не паѓаат на провокации. „Ќе ги советувам момците да останат целосно смирени, бидејќи Аргентинците можат да те извадат од нерви за неколку секунди. Мора да бидеме паметни, бидејќи целта е натпреварот да го завршиме со сите 11 играчи“, порача капитенот на Бенин. Изјавите на Мние брзо се проширија во аргентинските медиуми и предизвикаа бурни реакции, бидејќи неговите зборови доаѓаат непосредно пред натпреварот што за аргентинската јавност има посебно емотивно значење. Прошталниот настап на Лионел Меси во дресот на националниот тим пред домашната публика се очекува да собере полн стадион на „Монументал“, а Бенин во таа атмосфера ќе се обиде да остави впечаток дек