Канада предлага „сојуз на иднината“ со Европа и Британија
FinPortal.mk · 21.9.2026 г.
Канадскиот министер за финансии Франсоа-Филип Шампан изјави дека Обединетото Кралство треба да се „здружи“ со предложениот економски сојуз меѓу Канада и Европа. Во разговор за BBC, тој оцени дека станува збор за суштинско прашање — изградба на „сојуз на иднината“. „Светот се промени. Америка се промени. Затоа и ние мораме да се промениме“, изјави Шампан. Тој даде и отворена оценка за трговската војна меѓу Канада и САД, откако минатиот месец пропадна договорот, наведувајќи дека земјата „застана во одбрана на нашите индустрии, нашите работници, нашата земја“ со воведување царини. Изјавите доаѓаат откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи „отворање на вратата“ за Канада да стане придружена членка на ЕУ — потег без преседан за блокот. Посетата на канадскиот премиер Марк Карни, кој се обрати пред Европската унија во Стразбур веднаш по предлогот на фон дер Лајен, според Шампан беше токму „изградба на сојузот на иднината“. Карни, поранешен гувернер на Англиската банка, претходно зборуваше за сојуз на „средни сили“ кои заеднички работат на економски раст, отпорност и безбедност. Шампан нагласи дека Обединетото Кралство и Канада делат исти вредности. „Треба поинаку да гледаме на партнерството, а одличното е што кога ќе ги погледнете Канада и, би рекол, Обединетото Кралство, делиме исти вредности. Многу сме усогласени во нашата визија за светот. Зошто да не се здружиме? “, рече тој. „Независни сме и суверени, но заедно сме посилни. По враќањето во Белата куќа минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп воведе широки глобални царини, вклучително и кон долгогодишни трговски сојузници како Обединетото Кралство. Додека Британија повторно преговараше за трговски договор со САД во јуни минатата година, новиот сојуз Канада-ЕУ отвора прашања за нејзиното позиционирање по Брегзит кон Европа, но и кон САД, по извесни промени во претседателската реторика за Фолкландските Острови и ирското единство во последните недели. Карни се сретна со п