Јувентус со рекордни 16 повредени фудбалери: „Болницата“ во Торино не се празни

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Проблемите со повредите не го заобиколуваат Јувентус. Во и онака компликуваниот почеток на сезоната, на листата на отсутни се најдоа уште двајца фудбалери, Зеки Челик и Нико Гонзалез. Прегледите во клупската медицинска установа „Џеј Медикал“ потврдиле полесна повреда на задната ложа на левата нога кај Челик, додека кај Гонзалез била утврдена полесна повреда на десниот лист. Иако е крајот на октомври и до завршувањето на сезоната има уште повеќе од седум месеци, низ клупската амбуланта од различни причини веќе поминале дури 16 фудбалери, објавува „Калчомеркато“. Станува збор за повреди со различна тежина – од сериозни проблеми како оние на Камил Грабара и Мануел Локатели, до мускулен замор кај Вестон Меккени и Папе Сар. Меѓу нив има и низа други случаи со различни дијагнози. Зошто Јувентус има толку многу повредени? Причините за долгата листа се различни. Дел од фудбалерите заработиле повреди во дуелите на теренот, како Кенан Јилдиз и Франциско Консеисао, додека други имале претходни мускулни проблеми или пристигнале во клубот со одредени физички тегоби од претходните средини, како Папе Сар. Сепак, според анализата на „Калчомеркато“, може да се забележи и заедничка нишка. Јувентус во последните години често е меѓу екипите со најголем број повредени фудбалери во Серија А, а актуелната сезона дополнително го нагласува проблемот. Една од можните причини е честата промена на стручниот персонал во тренинг-центарот „Континаса“, особено на позицијата задолжена за физичката подготовка. Како што во раководството се менуваа Фабио Паратичи, Федерико Керубини, Кристијано Џунтоли, Дамиен Комоли и Карневале, така и тренерската клупа минуваше низ бројни промени. По Масимилијано Алегри следуваа Маурицио Сари, Андреа Пирло, повторно Алегри, Тијаго Мота, Игор Тудор и Лучано Спалети. Слична динамика имаше и на позицијата кондициски тренер. По петгодишниот мандат на Симоне Фолети, од 2014 до 2019 година, на функцијата се менуваа Лози, Ранцато, Бертели, повторно Фолети, Колине, Личини, П

Јувентус со рекордни 16 повредени фудбалери: „Болницата“ во Торино не се празни | FinPortal.mk

Проблемите со повредите не го заобиколуваат Јувентус. Во и онака компликуваниот почеток на сезоната, на листата на отсутни се најдоа уште двајца фудбалери, Зеки