Јовановски: Не е јасно зошто Народната банка не проверува кои стојат зад Алта банка
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Новинарот на „Независен“, Мирче Јовановски, во изјава за „Трилинг“ го отвори прашањето за сопственичката структура на Алта банка – Белград и за нејзиното влегување во поранешната Стопанска банка – Битола, оценувајќи дека е чудно што Народната банка не покажува интерес за тоа кои се вистинските сопственици на оваа банка. Според него, историјата на тоа влегување има своја предисторија која вреди да се разгледа. Јовановски потсети дека Стопанска банка – Битола, според достапните информации и ревизорските извештаи, подолго време се соочувала со проблеми во работењето, што произлегувале од сопственичката структура во самата банка. Во тој период, како што наведе, имало многу сериозен обид за преземање од најголемата и најдобра банка во земјава – Комерцијална банка. На тоа претходела прилично долга процедура со контакти меѓу двете банки и анализи, што резултирало со конкретен предлог за преземање на Стопанска банка – Битола. Сепак, од за него непознати причини, акционерите на тогашната Стопанска банка – Битола го одбиле предлогот. Јовановски наведе дека се зборува оти барале поголем износ од тој што бил понуден, иако од Комерцијална банка јасно ставиле до знаење дека тоа е нивниот конечен предлог и дека нема простор за понатамошни наддавања. Тој додаде дека останува во сферата на шпекулации дали во тој момент имало политички замешателства од некои политички кругови кон акционерите, бидејќи тогаш сегашната власт била во опозиција, како и дали им било дошепнато дека ќе дојде некоја друга понуда. Според Јовановски, Стопанска банка – Битола продолжила да работи со сите проблеми што ги имала во работењето, а по смената на власта дошла понудата од Алта банка – Белград. Тој потсети дека сегашната опозиција реагирала промтно и гласно и укажала на поврзаноста на Алта банка со власта во Србија, односно на проблемите што можат да настанат. „Но нели, после битка сите генерали се паметни, сега може да кажеме дека не требаше да влезе“, рече Јовановски. Тој го парафразираше и гувернерот