Јотова: Отворени сме за разговори со Скопје, но без ултиматуми и без отстапување од европската политика
FinPortal.mk · 5.10.2026 г.
Бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека Софија секогаш била отворена за разговори со Северна Македонија, но дека тие разговори мора да се водат без ултиматуми и без отстапување од европската политика. Во одговор на новинарско прашање, кој го пренесуваат дел од бугарските медиуми, Јотова нагласи дека за да биде сериозен, премиерот Христијан Мицкоски мора многу добро да ја прочита европската политика во врска со проширувањето на Република Северна Македонија и да заборави дека ова е билатерално прашање, како што, според неа, тој се обидува да го претстави. „Ние секогаш сме биле отворени за разговори со нив, но разговори без ултиматуми и без отстапки од европската политика. Бугарија е дел од Европската Унија и не можеме да дозволиме земја која тргнала по европскиот пат да не ги прифаќа вредностите и доблестите на Европската Унија, а уште помалку да зборува со ултиматумски тон, но да останеме умерени оптимисти“, рекла Јотова. Во истиот контекст се огласи и лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, кој вели дека треба да се исполни договорот за добрососедство и пријателство и дека не се бара ништо повеќе од тоа. „Има договор потпишан од мене и нивниот премиер. И ние и Европската комисија не сакаме ништо повеќе од почитување на овој договор. Ние не сме непријатели, туку напротив“, рекол Борисов при посета на Русе. Борисов додал дека со тој Договор и со францускиот предлог сè е јасно. „Ние не сме непријатели, туку напротив. Ако тие го разбираат соседството како што го разбираме ние, нема да имаат никакви проблеми“, додал тој. Овие изјави од Софија доаѓаат во момент кога македонскиот премиер Христијан Мицкоски вчера рече дека сè уште немало одговор на барањето за билатерална средба со бугарската страна, кое Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го испрати во петокот. Мицкоски не е задоволен од пораките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но ја оцени средбата како содржајна. На новинарско праша