Јосифоска вели дека добила одбивање, ФЗО тврди дека барање никогаш не стигнало — кој проценил дека операцијата може да се изведе во земјава?

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) тврди дека 34-годишната Наталија Јосифоска, која боледува од спина бифида и која јавно проговори за проблемите со лекувањето во Македонија, воопшто не поднела барање за лекување во странство. Од Фондот велат дека поради тоа не била спроведена постапка, ниту било донесено решение со кое ѝ е одбиено лекување во Турција, како што претходно тврдеше пациентката. Ова е одговорот што ФЗО го даде по новинарските прашања за случајот на Јосифоска, која сведочеше дека поради ризикот да ја изгуби способноста за движење била принудена да замине на сложена операција во Турција, а трошоците ги покрила самостојно со помош на семејството. „Според службената евиденција на Фондот, осигуреничката Н.Ј. нема поднесено барање за лекување во странство, поради што Фондот нема спроведено постапка, ниту донесено решение со кое ѝ е одбиено таквото право“, се наведува во одговорот на институцијата. Од Фондот објаснуваат дека за одобрување лекување во странство потребно е да се утврди дека се исцрпени можностите за лекување во Македонија, а постои можност за успешно лекување во друга држава. За тоа е потребно барање со медицинска документација и конзилијарно мислење потпишано од тројца специјалисти и директорот на соодветната универзитетска клиника. Во однос на прашањето кој проценил дека сложената операција може да се изведе во Македонија, Фондот соопштува дека побарал дополнителни информации од Универзитетската клиника за неврохирургија. „Според известувањето од Клиниката, на осигуреничката ѝ било посочено дека хируршкиот зафат може да се изведе во оваа здравствена установа“, одговараат од ФЗО. Сепак, од Фондот не наведуваат кои лекари ја донеле таквата проценка, колку идентични операции биле извршени во земјава и каков бил нивниот исход. Посочуваат дека овие прашања се во надлежност на Клиниката за неврохирургија. Случајот на Јосифоска го отвора прашањето за постапката при одобрување лекување во странство и за тоа кој всушност проценува дали еден сложен

Јосифоска вели дека добила одбивање, ФЗО тврди дека барање никогаш не стигнало — кој проценил дека операцијата може да се изведе во земјава? | FinPortal.mk

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) тврди дека 34-годишната Наталија Јосифоска, која боледува од спина бифида и која јавно проговори за проблемите со лекува