Јавниот долг стабилен, еврообврзницата следната година најверојатно во две изданија

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Нивото на јавниот долг на Македонија останува во рамките на проектираното и на Фискалната стратегија, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител. Таа потврди дека до крајот на годината ќе се реализираат само оние задолжувања што веќе се предвидени со Буџетот и со Ребалансот, без никакви дополнителни излегувања на пазарите. „Министерството за финансии не може да се задолжува дополнително ако тоа не е предвидено со Буџетот и Ребалансот“, нагласи министерката. Според нејзините објаснувања, заради променетата состојба на меѓународните пазари веќе е направено задолжување на меѓународниот пазар, а дефицитот за оваа година генерално ќе се заокружи преку домашно задолжување. Димитриеска-Кочоска додаде дека Министерството постојано ги следи состојбите, прави калкулации и избира опции што носат пониски камати. Кога станува збор за еврообврзницата, министерката беше јасна дека до крајот на годината нема да има нејзино издавање. „Ги разгледуваме состојбите. Издавањето на еврообврзницата ќе зависи од состојбите на пазарот. Неизвесноста е голема и затоа ја разгледуваме и можноста следната година да издадеме две еврообврзници или да имаме два различни типа на задолжување“, изјави таа. Притоа посочи дека одлуката не мора да биде донесена за јануари, туку можно е издавањето да се случи и во февруари. Еден дел од обврзницата, според министерката, секако треба да биде издаден за да може да се сервисира еврообврзницата издадена во 2023 година, која доспева во 2027 година. Таа потсети дека оваа обврзница беше издадена со каматна стапка повисока од 6 отсто, што, како што рече, тогаш било поприлично висока каматна стапка. Токму затоа Министерството внимателно ја разгледува можноста за поволни услови при идното задолжување. Во интервјуто министерката се осврна и на Ребалансот на Буџетот што беше усвоен од Владата. Таа појасни дека капиталните расходи се намалени по основ на КАПЕФ механизмот, односно дека станува збор за

Јавниот долг стабилен, еврообврзницата следната година најверојатно во две изданија | FinPortal.mk

Нивото на јавниот долг на Македонија останува во рамките на проектираното и на Фискалната стратегија, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоск