Јаревски: СДС и Филипче со нихилистички став работат против сопствената држава, а кампањата им е со српски печатни грешки
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ на телевизија Канал 5, каде што остро се осврна на политичките настапи на СДС и на политиките на Зоран Заев и Венко Филипче, оценувајќи дека тие оставиле последици врз државата. Јаревски посочи дека опозицијата е опседната со српски влијанија и дека наместо да ги штити националните интереси, таа всушност им прави кампања на соседите. „Гледаме дека СДС и поголем дел од опозицијата се опседнати со некој српски свет, со некои српски влијанија, а тие им ја прават кампањата, пуштаат соопштенија во коишто имаат српски печатни грешки. Уверен сум и верувам дека ќе имаат мирна транзиција на власта во Србија, исто така не верувам дека по промената на власта во Србија ќе го променат името и не верувам каква и да е власт таму нема да има толку катастрофални резултати колку што ги направи СДС“, рече Јаревски во гостувањето. Пратеникот на владејачката партија особено се осврна на односот на опозицијата кон бугарските барања и кон евроинтегративниот процес на земјата, нагласувајќи ја потребата од почитување на волјата на граѓаните и заштита на националните интереси. Тој изрази неразбирање за, како што рече, нихилистичкиот и самоубиствен став на СДС кон сопствената држава. „До ден денес не можеме да сфатиме како можат со таков нихилистички самоубиствен став да одат против сопствената држава, како да не си ја сакаат државата. Ние додека велиме имаме 82% од граѓаните коишто не се сложуваат за прашање за коешто рековме дека ќе направиме се од себе да го образложиме, да најдеме начин да разговараме, да најдеме начин да се надмине истото, и притоа да продолжиме на патот кон Европската Унија. Во меѓувреме, СДС упорно на секоја прес-конференција бара веднаш да се исполнат барањата на Бугарија, СДС досега се покажа дека сака исклучиво да прави политички бенефит на сметка на националните интереси“, дециден беше Јаревски. Според пратеникот, ваквата позиција на опозицијата е директ