Јаневска: Условите во „Стив Наумов“ се одлични, СДСМ нека дојде да се увери лично

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на опозицијата за лоши услови во реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, откако СДСМ алармираше за влага, протекување вода и проблеми со греењето и топлата вода. Во објава на Фејсбук, Јаневска порача дека условите во домот се одлични и ги повика претставниците на СДСМ лично да го посетат објектот и да се уверат во состојбата. Според министерката, „Стив Наумов“ е првиот од деветте студентски домови кои ќе бидат темелно и енергетски ефикасно реновирани во текот на мандатот на актуелната Влада. Осврнувајќи се на пријавените проблеми, Јаневска посочи дека изолирани ситуации може да се појават и во реновиран објект, но нагласи дека домот е под гаранција и дека изведувачот ги санира недостатоците. Министерката наведе и низа конкретни случаи со кои се соочило раководството на домот, меѓу кои запушена канализација поради фрлени влажни марамици, активиран алармен систем поради заборавена храна во вклучена микробранова печка во чајна кујна, како и поради запалена цигара во соба. Таа спомена и откорнат радијатор и паркирани автомобили на зелени површини во дворот на домот, нагласувајќи дека сите ситуации се надминати. „Несакани ситуации може да бидат предизвикани и од корисници, за што апелиравме на одговорно користење при самото пуштање на објектот“, стои во објавата на министерката. Јаневска тврди и дека храната во домот ги исполнува пропишаните нутритивни стандарди. Реакцијата на министерката доаѓа по прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ, Бојан Цветаноски, кој праша како се потрошени средствата за реконструкцијата ако студентите повторно се соочуваат со несоодветни услови. Од СДСМ побараа објавување на сите трошоци и договори, проверка на состојбата и утврдување одговорност за евентуалните пропусти. „Нели ‚Стив‘ ќе беше хотел од А-категорија? Двојно ја зголемивте партиципацијата за сместување. За што студентите плаќаат 6.600 денари месечно? За прокиснати соби и мизерни усло

Јаневска: Условите во „Стив Наумов“ се одлични, СДСМ нека дојде да се увери лично | FinPortal.mk

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на опозицијата за лоши услови во реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скоп