Јаневска: Резултатите од 50-тина научни проекти финансирани со 6 милиони евра веќе стануваат видливи
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Со шест милиони евра, минатата година Владата на Македонија ја финансираше имплементацијата на 50-тина научноистражувачки проекти од јавен интерес, кои ги реализираат јавните научни и високообразовни установи, Македонската академија на науките и уметностите и бизнис заедницата. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на отворањето на меѓународна научна конференција на ЈНУ Институт за интелектуална сопственост, насловена „Интелектуалната сопственост и дигиталната трансформација во македонското општество“. Според министерката, науката видливо е раздвижена и денес веќе почнуваат да се гледаат резултатите од тие проекти. „Видливо ја раздвиживме науката и денес веќе почнуваме да ги гледаме резултатите од тие проекти“, рече Јаневска, додавајќи дека е горда не само на овој, туку и на сите други проекти што ги поддржала Владата во изминатата година. Конференцијата се организира во рамки на проектот „Фактори на управувањето со интелектуалната сопственост и дигиталната трансформација во Македонија“, финансиран од Министерството за образование и наука. Во фокусот на овој проект е влијанието на дигиталната трансформација врз правната рамка за заштита на интелектуалната сопственост. „Брзиот технолошки развој и забрзаната дигитализација отвораат нови можности, но истовремено поставуваат и сериозни предизвици пред постојните правни и регулаторни рамки. Заштитата на авторските права, трговските марки, патентите, трговските тајни и личните податоци добива нова димензија и неопходно е овие процеси да се анализираат системски, научно и во согласност со современите европски и светски тенденции“, истакна министерката. Јаневска нагласи дека истражувањето веќе ја зацврстило релацијата помеѓу науката и носителите на одлуки, со правната професија и со институциите што имаат важна улога во заштитата на интелектуалната сопственост. Важноста на ваквите проекти, според неа, е во тоа што ја потврдуваат улогата на науката како двигател на развојот и како значае