Јаневска: Потребна е промена на ставовите кон лицата со попреченост и поголема достапност на знаковниот јазик

FinPortal.mk · 23.9.2026 г.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска порача дека како општество треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост, нагласувајќи дека подигнувањето на свеста за нивните права, едукативните активности и комуникацијата се начини на борба против стигмата и дискриминацијата. Таа ова го изјави при присуството на одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, 23 Септември, во ДСУРЦ „Партенија Зографски“. Јаневска истакна дека борбата против стигмата и дискриминацијата не е обврска само поради потпишаните документи, туку претставува човечка должност кон секого. Според неа, неопходно е секој од нас да направи чекор за приближување кон лицата со оштетен слух, да научи по нешто од знаковниот јазик, со што овие луѓе ќе се чувствуваат попријатно во секоја средина каде што се движат и работат. Министерката потсети дека Македонија е потписничка на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, што значи дека имаме обврска да ги почитуваме принципите на инклузија и недискриминација и да ги вклучуваме децата и младите со попреченост во образовниот систем, прилагодувајќи го кон индивидуалните потреби. Во однос на употребата на знаковниот јазик, Јаневска нагласи дека државата колку што може помага тоа да биде достапно за луѓето со оштетен слух и говор и дека со тек на време ќе се потрудиме да го обезбедиме секаде каде што е најнеопходно, многу широко низ државата. Таа посочи дека општините имаат обврска да обезбедат по едно лице-толкувач и за луѓето со оштетен вид и за луѓето со оштетен слух и говор, да им помагаат во различни ситуации, како кога одат на лекар или во аптека. Колку што ми е познато, во одредени општини ова функционира, но ќе мора да се прошири на територијата на целата држава, рече Јаневска. Според министерката, стандардизацијата на знаковниот јазик е еден од предизвиците што ќе треба во иднина да се реши и таа изрази сигурност дека тоа ќе се реши. Јаневска истакна дека Министерството за образование и наука рабо

Јаневска: Потребна е промена на ставовите кон лицата со попреченост и поголема достапност на знаковниот јазик | FinPortal.mk

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска порача дека како општество треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост,