Јаневска од Брисел: Науката доби двојно поголем буџет, следен чекор е поврзување со регионот и светот

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Македонија ги насочува напорите кон поврзување на научно-истражувачката дејност со регионалните и глобалните мрежи, откако во изминатиот период беа преземени мерки за зајакнување на националниот иновациски систем. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на министерскиот состанок на Управувачката платформа за истражување и иновации за Западен Балкан, што се одржува во Брисел во организација на Европската комисија. Јаневска пред присутните посочи дека за краток период буџетот за наука бил двојно зголемен, била воспоставена нова стратешка рамка, биле подготвени нови законски решенија и била модернизирана националната истражувачка инфраструктура. Според неа, овие чекори биле неопходна основа за да може земјата сега да се насочи кон меѓународна соработка и вмрежување. Министерката информираше дека е формиран Национален совет за иновации, претприемништво и технолошки развој, задолжен за координација на националните активности, како и посебна Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, која треба да го олесни пристапот до средства и услуги за компаниите, истражувачите и иноваторите. Според Јаневска, во Македонија функционираат седум центри за трансфер на технологии, пет технолошки инкубатори и еден приватен научно-технолошки парк. Во тек е и основање виртуелен научно-технолошки парк и првиот технолошки парк под целосна надлежност на државата, што треба дополнително да ја зајакне инфраструктурната поддршка за иновациите. Таа го посочи и проектот „ВЕЗИЛКА“, кој е првата национална контактна точка во европската мрежа на фабрики за вештачка интелигенција. Овој проект, како што нагласи, ја отвора вратата за македонските истражувачи и компании кон европските ресурси и партнерства во областа на вештачката интелигенција. Како еден од главните приоритети, министерката го нагласи намалувањето на одливот на мозоци и создавањето услови младите истражувачи да останат во земјата и да го развиваат својот потенцијал. Тоа, според неа, е преду

Јаневска од Брисел: Науката доби двојно поголем буџет, следен чекор е поврзување со регионот и светот | FinPortal.mk

Македонија ги насочува напорите кон поврзување на научно-истражувачката дејност со регионалните и глобалните мрежи, откако во изминатиот период беа преземени ме